Вардар го претстави новото засилување, Жереми Тото е нов член на „црвено-црните“

Од следната сезона нов член на Вардар 1961 ќе биде францускиот интернационалец Жереми Тото. Тој игра на позицијата пивотмен, а доаѓа од екипата на Висла Плоцк од Полска, со чиј тим играше на Ф4 во Лига Европа.

По враќањето на Веселин Вујовиќ на тренерската позиција, сега „црвено-црните“ го создаваат новиот тим за следната сезона, а еден од првите членови е токму Тото, ракометар кој зад себе има успешна интернационална кариера.

 

Се вчитува...