Вардар го претстави својот нов спонзор

Двократниот европски шампион Вардар денеска на прес-конференција го откри својот нов спонзор, а се работи за германската компанија за ракометна опрема „Кемпа“ која влегува во структурите на скопскиот тим.

Во просториите на СЦ „Јане Сандански“ присуствуваа извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски, како и директорот на компанијата „Кемпа“. Потврдена беше соработката и постигнатиот договор меѓу двете страни.

Оваа година „црвено-црните“ не изборија пласман во Европа, бидејќи играа квалификации за Европската лига на ЕХФ против гигантот Рајн Некар. Во плеј-офот од Суперлигата се зад Еурофарм Пелистер, а го освоија Суперкупот.

Денеска токму во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот Вардар ќе го одигра дербито против Е. Пелистер.

Се вчитува...