Заокружувајќи го играчкиот кадар за следната сезона, по продолжувањето на договорот со Бобан Николовс, новиот македонски шампион Вардар го продолжи договорот и со уште еден репрезентативец, Дарко Велковски.
Двете страни се договорија за продолжување на соработката на уште една година.
„ФК Вардар ја информира јавноста дека Дарко Велковски постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година. Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес!“ – информираа од ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
