Вардар и Академија Пандев – на „мегдан“ за продолжување на победите

Вардар ја пречекува Академија Пандев денеска од 13 часот на арената „Тодор Проески“ во првиот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ по триумфот против Борец во Велес, осоколени го очекуваат дуелот со „пандевци“ посакувајќи нова победа.

„Навистина важен меч за нас, бидејќи ако го добиеме ќе избегаме од опасната зона . Мислам дека е време Вардар да добие два натпревари во низа сезонава. Нема да биде лесно бидејќи Академија Пандев е одличен тим на кој не му е местото каде што се наоѓа во моментов. Влегоа во форма и веќе играат на нивото на кое што се очекува од нив и затоа воопшто нема да биде лесен овој меч. Се разбира Вардар секогаш оди на победа и се надевам дека ќе стигнеме до три бода и на овој меч“ – вели Васоски.

Вардар на натпреварот ќе биде без офанзивецот Мирчевски, кој е повреден, и Дејан Блажевски кој е под суспензија.

Но, атак на позитивен резултат има и од страна на Академија Пандев која по двете едноподруго победи, против Пелистер во првенството, и Шкупи во четвртфиналето од Купот на Македонија, јасно е дека сака продолжување на низата. Струмичани се подготвени да го дадат максимумот со бодови да се вратат од Скопје.

ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...