Вардар и Алкалоид во дербито на 11. коло: Надмудрување на Чупиќ и Лазаров!

Дербито меѓу меѓу двата непоразени тима на почетокот од сезоната во Суперлигата на Македонија, екипите на Вардар 1961 и Алкалоид вечерва од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одбележи 11. коло во домашниот ракометен шампионат.

Супер-пресметка во „Јане Сандански“ во која Вардар, кој има десет од десет, ќе се обиде да ја продолжи победничката серија против Алкалоид кој е со осум победи и две ремија во првите десет рунди натпревари.

Факт е дека, согласно поискусниот интернационален состав, Вардар ја носи фаворитската улога но последниве години дуелите меѓу двете екипи секогаш носат максимална неизвесност. Посебно и ако се знае дека на клупите се поранешните европски ракометни ѕвезди Иван Чупиќ и Кире Лазаров.

Во тимот на Алкалоид ќе биде, по долгата пауза, и Марко Митев кој се врати на претходниот натпревар за својот тим. Избраниците на Кире Лазаров се желни да дојдат до изненадување во „Јане Сандански“,иако и од таборот на Вардар најавуваат силен атак на победата.

Последниот меѓусебен натпревар на Вардар и Алкалоид заврши без победник, 26-26.

ДЕРБИТО ЌЕ МОЖЕ ДА ГО СЛЕДИТЕ ВО ЖИВО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...