Вардар и Еурофарм Работник денеска ги дознаваат противниците во ЛШ

Македонските претставници следната сезона во Лигата на шампионите денеска ги дознаваат своите противници во групната фаза од најквалитетното европско клупско ракометно натпреварување.

ЕХФ денеска со ждрепката закажана од 18 часот ги одредува групите за новата натпреварувачка сезона во ЛШ.

Вардар, како европски шампион, е во првиот квалитативен шешир, заедно со ПСЖ. Вкупно 16 екипи кои ќе се натпреваруваат во А и во Б групите се поделени во осум шешири. Во вториот се сместени Веспрем и Барселона. Со оглед на правилото дека екипи од Франција, Германија, Шведска и од Унгарија не можат да играат меѓусебе во оваа фаза, извесно е дека Вардар во групата меѓу противниците ќе го има Монпелје.

Еурофарм Работник, пак, за кого ова ќе биде дебитантска сезона во Лигата на шампионите е во втората по квалитет конкуренција и ќе биде сместен во Ц или Д групата.

Натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите стартуваат во септември.

Се вчитува...