Вардар и кога тоне – извира… Опстојувањето и кога изгледа невозможно – е реалност! (ФОТОГАЛЕРИЈА/ ВИДЕО)

Можеби по крајот не есенскиот дел од ПМФЛ речиси невозможен изгледаше опстанокот на најтрофејниот македонски клуб во Првата лига. Но, денешниот дуел против Шкендија на стадионот „Борис Трајковски“ јасно покажа дека и тоа како Вардар може и мора да се избори за живот во македонската фудбалска елита. Затоа што и на Вардар му е неопходен македонскиот фудбал, а и на најсилното фудбалско друштво му е Вардар неопходен.

Црвено-црните фудбалери денеска одиграа повеќе од храбро против големиот фаворит Шкендија, беа блиску до победата а освоија „само“ бод. Но, она што е главно е дека низ целокупниот прекрасен амбиент во Маџари а најавен и со „Заветна“ на „Комитите“ јасно се даде сигнал дека Вардар и кога се чини дека тоне – извира, а битката за неговото опстојување и кога изгледа невозможно – е реална.

На крај, и фудбалски, со борбата на терен, поставеноста на игра, тактичката мудрост да се извлече најдоброто од овој фонд на фудбалери, Вардар денеска преку играта со еден од најдобрите тимови во лигата покажа дека може до опстанокот…

 

Се вчитува...