Вардар и „пандевци“ – единствени добитници, Шкупи и Шкендија „без муниција“

Во натпреварувачки ден за одбележување во македонскиот фудбал во четири натпревари од 2. коло во ПМФЛ со само три постигнати гола единствени добитници Вардар и Академија Пандев кои славеа на гостински терен против Ренова односно Беласица.

Во главно „мртов фудбал“ без многу возбудувања на четирите терени, трите гола дојдоа во последните 15 минути. Вардар победи благодарени на голот на Тигран Барсегјан во 75. минута.

Во првото струмучко прволигашко дерби во историјата, Академија Пандев сосема заслужено славеше со 0-2 против Беласица благодарение на младиот Марио Крстовски кој беше двоен стрелец за „пандевци“. Само што влезе во игра Крстовски постигна прекрасен гол со шут од 18 метри во 75. минута, а потоа во 85. минута преку брз контранапад донесени конечни 0-2.

Шкупи и Шкендија, и покрај фаворитските улоги, останаа „без муниција“ на дуелите против Победа и Македонија ЃП.

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-2)

Крстовски 75′, 85′

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)

Барсегјан 75′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (2-1)

П. Петковски 12′, 36′ – Порфаит 63′(п)

ТАБЕЛА: Академија Пандев 6 бода, Вардар 4, Победа 4, Работнички 3, Ренова 3, Шкендија 2, Шкупи 2, Силекс 1, Македонија ЃП 1, Беласица без бодови.

Се вчитува...