Вардар игра фантастично, „сефте“ против Брест, на ред е Алборг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар со импресивна игра стигна до триумф на првиот од трите домашни меча што „црвено-црните“ ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“ во наредниот период. Трибините не беа полни, но сите оние кои денеска беа во салата ќе се вратат дома задоволни од она што го видоа од избраниците на Веселин Вујовиќ.

„Вардарци“ одираа фанатично во одбраната, во нападот имаше период на блесоци и ретки падови, но јасно е дека овој тим со толку многу ракометари допрва ќе напредува во формата.

Следен на “менито“ е европскиот вицепрвак Алборг, меч за кој „црвено-црните“ заслужуваат уште повеќе навивачи на трибините.

 

Се вчитува...