Вардар игра како да му снема живот: Шест парчиња од Реал Сосиедад

Македонскиот првак Вардар доживеа уште еден огромен пораз (0-6) во Лигата на Европа. Во вториот меч во Скопје, по „петардата“ од Зенит, „црвено-црните“ се поразени од Реал Сосиедад со 0-6. Разликата во класи беше преголема за тимот на Чедомир Јаневски да може да се надева на бод(ови), како што најавуаав фудбалерите на Вардар пред почетокот на овој меч.

Vardar - Real Sociedad 13

Реал Сосиедад уште од самиот старт нападна со сите сили, па иако Џигаури прв се закани во седмата минута, веќе во 13.минута Микел Ојарзабал го отвори резултатот. По корнерот од десната страна, тој се најде на вториот дирек и ја испрати топката во мрежата.

По ова, се заканија Бобан Николов и Тигран Барсегјан кој излезе сам пред голманот на Реал Сосиедад, но Џеронимо Рули истрча и спречи погодок.

Vardar - Real Sociedad 8Затоа пак Реал Сосиедад постигна уште два. Откако Асиер Илјараменди го погои дирекот, Вилијан Хозе со 34.минута зголеми на 0-2, а до крајот на првиот дел постигна и трет гол, за 0-3.

Vardar - Real Sociedad 4Таму каде што застана на полувремето, Вилијан Хозе продолжи во вториот дел. Во 55.минута, со удар со глава го постигна и четвртиот погодок за Реал Сосиедад.

Потоа се закани и Џигаури, но голманот на Реал Сосиедад одбрани. А, Вилијан Хозе во 59.минута повторно им покажа на вардарци како треба, постигнувајќи го својот четврти гол, за убедливи 0-5.

Потоа тренерот на Реал Сосиедад направи „хуман“ потег, го повлече Вилијан Хозе од игра, но и не застанаа комплетно головите од шпанскиот тим. Во 89.минута, Де ла Бела постигна и шести гол за баскискиот состав. Спасуваше и дирекот, да не биде „седумка“.

Vardar - Real Sociedad 3Единствена светла точка и на овој натпревар беа „Комитите“, кои го бодреа Вардар и при огромна негатива.

Рускиот клуб Зенит на домашен терен во Санкт Петербург го совлада Розенборг со 3-1. Хет – трик за Зенит постигна аргентинскиот интернационалец Емилијано Ригони.

Vardar - Real Sociedad 6ВАРДАР – РЕАЛ СОСИЕДАД 0-6 (0-3)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 22.000. Судија: Алијар Агајев (Азербејџан). Стрелци: Ојарзабал 13’, Вилијан Хозе 34’, 42’, 55’, 59’, Де ла Бела 89’ (Реал Сосиедад).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Глишиќ (73’ Демири), Глигоров, Николов (46’ Блажевски), Фелипе, Џигаури, Барсегјан, Итало (64’ Марковиќ).

РЕАЛ СОСИЕДАД: Рули, Горосабел, Љоренте, Елустондо, Де ла Бела, Зубелдиа, Илјараменди (64’ Пардо), Чаби Прието, Ојарзабал (57’ Јанузај), Каналес, Вилијан Хозе (60’ Баутиста).

Табела: Зенит 9, Реал Сосиедад 6, Розенборг 3, Вардар 0.

Се вчитува...