Вардар извонреден во првиот дел во Истанбул: 45 минути од групите во ЛЕ!

Македонскиот шампион Вардар има извонредни 0-0 по првото полувреме против Фенербахче на „Шукру Сарчоглу“ во Истанбул, останувајќи на само 45 минути од групите во Лигата на Европа.

„Црвено-црната“ чета на Чедомир Јаневски игра одлично против Турците, дозволувајќи Фенербахче да го диктира ритамот но без посериозни шанси. Во поголемиот дел од дуелот домашните главно се обидуваа со шутеви од далечина на Ван Перси и Валбуена, но одличен на голот е Гачевски.

Најголемата шанса ја имаше Ван Перси во 39. минута кога во мешаницата на само неколку метри пред вардаровиот гол расчисти Брдаровски.

За да, сепак, македонскиот тим биде далеку поблиску до водство по првите 45 минути. Во 42. минута во извонредна шанса за најде Барсегјан, но по неговата мајсторија дирекот го спаси голот на Фенербахче.

Се вчитува...