Вардар ја „киксна“: Без Максимов во Лигата на Европа

Македонскиот првак Вардар го претстави Русинот Максим Максимов како големо засилување, но потоа се појави проблем со литванскиот клуб Тракаи, па тој воопшто и не е пријавен за настап во групната фаза од Лигата на Европа. УЕФА објави дека клубовите учесници во групите од второто по ранг европско натпреварување ги доставија официјалните состави, а во списокот на Вардар го нема Максим Максимов.

Покрај Русинот, за настап во Лигата на Европа не се пријавени и Горан Попов, кој по инсистирање на раководството се врати во клубот, а познато е дека уште од поодамна, од репрезентативните денови, имаше проблеми со тогашниот селектор, а сегашен тренер на Вардар, Чедомир Јаневски.

Вардар пријави и двајца голмани, Филип Гачевски и Игор Алексовски, а искусниот Томе Пачовски не е пријавен за Лигата на Европа.

Tim na Vardar

Се вчитува...