Вардар ќе доведе замени за Криштопанс и за Атман?

Европскиот првак Вардар го совлада Мотор со убедливи 38-28, иако играше без Даинис Криштопанс и без Павел Атман кои го напуштија клубот. Но, за осминафиналето во Лигата на шампионите, барем како што се надева тренерот Стевче Алушовски, можно е да бидат доведени адекватни замени. Исто така, најавите се дека веќе нема да има нови заминувања од „Јане Сандански“.

„Иднината на клубот ќе се знае во наредните денови. Но, јас размислувам за спортскиот дел и се надевам дека постои можност да се доведат и адекватни замени за двајцата ракометари кои си заминаа“, изјави тренерот Стевче Алушовски оставајќи простор за размислување дека и покрај финансиската криза Вардар би можел да се засили за дуелите во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Денеска дебитантските голови во дресот на Вардар ги постигна и Бразилецот Де Толедо, кој ќе може да ја пополни празнината на десната бековска позиција по заминувањето на Криштопанс.

Се вчитува...