Вардар ќе ја искачува Беласица, Победа на високо – во Кратово

Македонскиот вицепрвак Вардар во четвртото коло од Првата фудбалска лига денеска (16.15 часот) ќе и гостува на Беласица во Струмица. „Црвено-црните“ се без пораз од стартот на сезоната и сакаат да продолжат во победнички ритам, а Беласица сака да се оттргне од почетната летаргија и конечно да ги освои првите бодови.

„Во три натпревари, вклучувајќи го тука и оној меч од Купот на Македонија, имаме три победи без примен гол, и посакуваме оваа серија да продолжи и после утрешниот натпревар со Беласица. Тоа што играме против последнопласираниот тим кој што и натаму е без бодови, нема да не залаже. Ќе мораме да го дадеме максимумот, затоа што сигурно ќе играме против една мотивирана екипа која што ќе сака да докаже против нас. Ќе мора секој фудбалер на Вардар да даде се од себе на секој натпревар, без разлика дали играме со првиот или последниот тим“, изјави играчот за врска, Дарко Мицевски, за официјалниот сајт на клубот.

Беласица значително се засили во последниот ден од преодниот рок. Потпишаа искусни фудбалери како Штефан Вујчиќ, Филип Ивановски, одбраната ја засили и Влатко Дробаров. Ова е само најава за интересен дуел на стадионот „Младост“.

Силекс во Кратово ќе ја пречека Победа. По триумфот над Ренова во минатото коло, кратовци ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен и на овој дуел. Победа секако посакува да остане непоразена на ова гостување.

Во Тетово ќе играат Ренова и Македонија ЃП. „Лавовите“ покажаа дека ќе бидат тврд орев за секој прволигашки тим, а Ренова се надева на полн плен пред своите гледачи.

Работнички и Академија Пандев својот меч ќе го одиграат под рефлектори, со почеток во 20 часот, на арената „Филип Втори“. Гостите се засега со максимален ефект во првенството, три победи од три натпревари, а „романтичарите“ влегоа во ритам по стартниот пораз од Ренова дома.

Утре на Чаир, Шкупи ќе го пречека шампионот Шкендија.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО

ДЕНЕСКА

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (16.15 ч.)

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС – ПОБЕДА          

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (20 ч.)

УТРЕ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (16.15 ч.)

Се вчитува...