Вардар ќе ја пречека Македонија ЃП на „Борис Трајковски“ во Маџари

Вардар својот прв натпревар како домаќин во оваа сезона ќе го одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Противник на „црвено-црните“ ќе биде тимот на Македонија ЃП, а натпреварот се игра во недела со почеток во 16:30 часот.

„Вардарци“ и минатата сезона дел од натпреварите од Првата лига како домаќини ги играа на овој стадион.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на овој меч. Главен судија ќе биде Александар Ставрев. Негови помошници ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврт судија Константин Влахо. Делегат Сретан Милосовски од Пробиштип.

Се вчитува...