Вардар ќе тестира со светскиот вицешампион Ал Аин на подготовките во Словенија

Познати се сите противници на Вардар на пријателските натпревари кои ќе бидат одиграни за време на подготовките во Словенија. Момците на Александар Васоски ќе одиграат вкупно пет контролни средби.

Серијата на контролните натпревари почнува против Дравиња од Словенија, па продолжува со хрватскиот тим Горица. „Вардарци“ ќе играат со актуелниот светски вицешампион Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати, а серијата на контроли ќе заврши во два дена, кога Вардар ќе ги одмери силите најпрво со Рогашка, а потоа и со Касимпаша.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ: 

18.07 – Вардар – Дравиња (Словенија)

23.07 – Вардар – Горица (Хрватска)

27.07 – Вардар – Ал Аин (Обединетите Арапски Емирати)

30.07 – Вардар – Рогашка (Словенија)

31.07 – Вардар – Касимпаша (Турција)

Се вчитува...