Вардар ќе води “правна војна” со ФФМ

Фудбалскиот клуб Вардар испрати официјален допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), тврдејќи дека нема правна основа за покренување дисциплинска постапка против клубот.

Оваа реакција доаѓа откако куќата на фудбалот отвори истрага за неодамнешната прослава на „црвено-црните“ која предизвика бурни реакции во јавноста. Од раководството на Вардар потенцираат дека спорниот настан не се случил на официјален натпревар, туку за време на приватна забава, поради што клубот не може да сноси дисциплинска одговорност.

ж

Screenshot

Screenshot

Се вчитува...