Вардар – Кил потенцијално полуфинале на Супер глоуб

Познат е распоредот за годинашното издание на светското ракометно клупско првенство Супер глоуб, во кое како европски шампион учество обезбеди и Вардар.

„Црвено-црните“ патот кон единствениот трофеј кој им недостига во витрините ќе го почнат во четвртфиналната фаза каде за противник ќе го имаат подобриот од мечот меѓу Ал Мудар и Њујорк Сити. Во полуфиналето ќе следи мега пресметка против поранешниот освојувач на Лигата на шампионите, германскиот Кил, кој би требало во првите две кола да има лесна задача против Сиднеј и Замалек.

Се вчитува...