Вардар лесно го совлада Прилеп

Сосема очекувано, Вардар ја покажа својата сила и ја оправда фаворитската улога против Прилеп во 10. коло во Суперлигата на Македонија. Со тоа шампионот и натаму остана максимален со десет од десет.

Освен на почетокот кога Прилеп добро парираше, во текот на целиот меч „црвено-црните“ имаа доминација и на крајот дојдоа до триумфот.

Лувара беше најефикасен со девет голови, додека кај гостите Бикоски со шест гола беше најдобар стрелец.

Се вчитува...