Вардар лесно против Холстебро за финале на „Хумел купот“ во Магдебург

Македонскиот шампион Вардар ќе игра во финалето на „Хумел купот“ во Магдебург, откако поголеми проблеми славеше во полуфиналната пресметка против Холстебро со 33-28.

„Вардарци“ победата ја осигураа со поквалитетната игра на стартот од второто полувреме кога беше формирана пресудна предност за триумф.

По израмнетото прво полувреме кое заврши со 14-13, на почетокот од вториот дел избраниците на Веселин Вујовиќ со серија од 8-2 создадоа предност која противникот не можеше потоа до крајот да ја анулира.

Вардар во утрешното финале на „Хумел купот“ ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу бундеслигашот Магдебург и словенечки Горење кое се игра од 19 часот.

Се вчитува...