Вардар маршира победнички, Шкендија се тетерави, Работнички не загуби на Чаир

Вардар продолжува во победнички ритам во Првата фудбалска лига. По елиминацијата од Купот на Македонија, тимот на Александар Васоски се врати со посакувано издание на мечот против Академија Пандев, славејќи со 3-0. Дарко Мицевски од пенал во 30.минута донесе водство за „црвено-црните“, а Владица Брдаровски во 73,минута го осигура триумфот на Вардар. Истиот фудбалер во 84.минута донесе и убедлива победа од 3-0.

Шкендија и понатаму игра променливо. Тимот на Ќатип Османи одигра само 2-2 против Ренова. Бесарт Ибраими го отвори резултатот во 23.минута, а потоа Влатко Стојановски ги шокираше фудбалерите на Шкендија. Во 53.минута израмни од пенал, а две минути подоцна уште еднаш стрелаше прецизно.

Ренова остана со играч помалку во 67.минута поради исклучување на Физник Зука, а тоа го искористи Егзон Бејтулаи со погодокот во 79.минута од средбата.

На Чаир, дебито на Умит Каран помина со реми против Работнички (1-1). Во деветтата минута, Себастијан Херера си постигна автогол за водство на Шкупи, а Петар Петковски успеа да израмни во 63.минута.

Беласица и Силекс ремизираа 1-1. Кратовци дојдоа во предност со голот на Георгиев во 62.минута, но Зоран Балдовалиев од пенал во 86.минута донесе бод за струмичкиот состав.

Македонија ЃП продолжува со одлични игри. „Лавовите“ на домашен терен славеа против Победа со 1-0, а стрелец на победничкиот погодок беше Боби Божиновски во 36.минута, по одлично изведен слободен удар.

ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 2-2

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-0

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 1-0

Табела: Вардар 23, Шкендија 16, Академија Пандев 16, Ренова 11, Победа 11, Работнички 11, Македонија ЃП 10, Беласица 10, Силекс 7, Шкупи 6.

Се вчитува...