Вардар меѓу најискусните во ЛШ: Пак имаше заминувања, но во Скопје не се плашат од никого

Во таборот на Вардар се навикнати на заминувањата на клучните ракометари, па „црвено-црните“ со оптимизам ќе влезат и во новата сезона од Лигата на шампионите. ЕХФ ја објави листата од пет најискусни екипи во елитното европско натпреварување, на која се најде место и за скопските „црвено-црни“.

Зар некој може подобро од тоа да ја освои Лигата на шампионите двапати во последните три сезони. Тешко. Овој тим мораше повторно да биде реновиран летово, откако тренерот Парондо и клучни ракометари како Карачиќ и Милосављев си заминаа. Сепак, во Скопје не се плашат од никого. Вардар надмина сличен егзодус и претходно, ова е клуб што знае како се освојува титула“ – се вели во описот на ЕХФ за карактерот на македонскиот првак.

Покрај „црвено-црните“, меѓу петте најискусни ракометни екипи во Европа се уште четири европски гиганти, Барселона, Кјелце, Вепрем и ПСЖ.

Се вчитува...