Вардар може да го добие Ајакс, или Фенербахче, Лудогорец, Динамо Загреб, Бате, Макаби ТА

Македонскиот шампион Вардар би можел да игра против холандскиот гигант Ајакс во плејоф колото од Лигата на Европа. „Црвено-црните“ се најдоа меѓу неносителите во групата 2, па скусениот избор на можни ривали за нив покрај Ајакс се и Фенербахче, Лудогорец, Динамо Загреб и Макаби Тел Авив.

Секако дека Ајакс и Фенербахче се најатрактивните ривали, додека Лудогорец, Динамо Загреб, со кој Вардар имаше дуели минатата година и во квалификациите за ЛШ, и Макаби Тел Авив, Бате Борисов се клубови со кои нашиот првак би имал повеќе шанси за пласман во групната фаза од ЛЕ. Првите натпревари ќе се играат на 17 август, а реваншите на 24 август.

vardar zdreb izbor

Се вчитува...