Вардар му бара неверојатни 100.000 евра на Динамо Букурешт за Гурбиндо

Едуардо Гурбиндо требаше да биде големо засилување за Вардар во новата сезона, но најверојатно Шпанецот ќе премине во Динамо Букурешт. Тој не отпатува со останатиот дел од тимот на гостувањето кај Елверум во Норвешка.

Сепак, неговиот трансфер се уште не е извесен бидејќи според српска „Арена спорт“ Вардар бара отштета од 100.000 евра. Романскиот тим во моментов нуди 30.000 евра, па се очекува да се види дали двата тима ќе успеат да се договорат.

Се вчитува...