Вардар му посака добродојде на Костадин Петров

Костадин Петров и официјално е нов член на РК Вардар. Тој доаѓа во екипата на „црвено-црните“ од таборот на Металург како позајмен до крајот на сезоната.

Петров веќе има и интернационална кареира играјќи во Шпанија и во Романија, а во Македонија има играно за Борец, Овче Поле, Куманово, Пелистер, Металург…

29-годишниот Петров е второ ново име во Вардар за кратко време, после Стефан Додиќ кој пред неколку дена пристапи на „црвено-црните“ и веќе дебитираше за Вардар.

Се вчитува...