Вардар на Ф4 во Келн може да го бодрите за 300 евра, само за билети

Од канцеларијата на европскиот шампион РК Вардар информираат дека за вториот настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн, клубот обезбеди контингет на блок-билети за македонските навивачи.

Како што информираат од редовите на „црвено-црните“ блок билетите за двата натпреварувачки дена (полуфиналето и финалето) чинат 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите.

Фајнлфор турнирот од ЛШ се игра 26. и 27. мај во Келн. Вардар, како што е познато на 26. мај во полуфиналето од 18 часот ќе се соочи со Монпелје. Претходно од 15:15 часот во првото полуфинале ќе играат Нант – ПСЖ.

Билетите за Ф4 турнирот веќе се пуштени во продажба, а продажбата на блок билетите ќе се врши исклучиво онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70

Се вчитува...