Вардар не го заборави: Кара, фала ти за се

Игор Карачиќ најдобрите денови во кариерата ги мина во црвено-црниот дрес, со Вардар освои две европски шампионски титули, но поради сериозните финансиски проблеми ланската сезона реши да си замине и го договори летниот трансфер во Киелце.

Хрватот беше и ќе остане миленик на навивачите, борбеноста што секогаш ја покажуваше во црвено-црниот дрес останува пример и за сите оние кои сега ги бранат боите на Вардар.

Уште при првото истрчување на загревање на теренот Карачиќ беше бурно поздравен од навивачите, а непосредно пред почетокот на мечот од капитенот Стоилов тој доби специјален подарок, црвено-црн дрес со порака: Кара, фала ти за се.

Се вчитува...