Вардар не виде мака со Пролет

Вардар претрпе неочекуван пораз во ЛШ од Монпелје, ноз атоа „црвно-црните“ продолжуваат со импресивни партии во Супер-лигата, каде се единствен тим со максимален ефект по првите седум одиграни кола. Избраниците на Веселин Вујовиќ денеска му гостуваа на градскиот ривал Пролет, лесно триумфирајќи со 26-35.

Дуелот беше израмнет само до 3-3, за четирите гола во низа да бидат најава за триумфот на актуелниот првак на оваа средба. Пролет се приближи само до 9-12, по што следеше нова серија на Вардар и водство на полувреме од 12-18. Фаворитската улоа на гостинскиот тим беше оправдана и во второто полувреме во кое „вардарци“ продолжија да доминираат, разликата долго време се движеше меѓу седум и девет гола, за на крајот заслужено да слават со конечни 26-35.

Дури петмина „вардарци“ беа најефикасни во победничкиот тим со по четири гола, Мишевски, Дибиров, Валчак, Оливие Нијокас и Ѓукиќ, додека прв стрелец во таборот на Пролет беше Иван Џонов со сеудм погодоци.

Се вчитува...