Македонскиот ракометен шампион Вардар на 27 јули официјално ќе ги започне подготовките за сезоната 2026/27, во која повторно ќе настапува во Лигата на шампионите.
Тренерот Иван Чупиќ ќе ја изврши првата прозивка во Скопје, по што екипата од 3 до 10 август ќе ги реализира базичните подготовки во Маврово.
Во продолжение на подготовките, „црвено-црните“ ќе учествуваат на традиционалните меѓународни турнири во Струга (12–15 август) и Охрид (18–22 август), каде што ќе ја темпираат формата пред почетокот на натпреварувачката сезона.
Првиот официјален предизвик за Вардар ќе биде на 17 август во 17:00 часот, кога во Охрид ќе се соочи со српскиот вицешампион Војводина во рамките на регионалната лига. Потоа, на 2 септември, следува и натпреварот за Суперкупот на Македонија против Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
