Вардар немоќен пред Магдебург на „Хумел Купот“…, Тото е МВП на турнирот

Вардар 1961 загуби во финалето на меѓународниот турнир „Хумел Куп“ во Магдебург, Германија. Во две сосема различни полувремиња Вардар на крај поразен од домаќинот Магдебург со 31-20.

Македонскиот шампион парираше на германскиот тим единствено во првото полувреме. Со одлична одбрана и извонредниот на голот Томовски, на полувреме беше само 12-11 за Магдебург.

Но, тотален колапс во второто полувреме. По 12-12 на почетокот од вториот дел, потоа следеше серија од 6-1 за Магдебург што беше клучен момент на мечот. Во 45. минута домашните стигнаа и до 23-14, и јасно беше кој ќе ја однесе победата.

Францускиот пивот Жереми Тото од редовите на Вардар 1961 беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот.

 

Се вчитува...