Вардар нокаутиран и од Работнички, но и Шкендија поразена во Струмица

Шампионот Вардар го загуби вториот меч во низа во Првата лига, откако доживеа пораз од Работнички во градското дерби со 3-1. Но, и Шкендија загуби на гости во Струмица од Академија Пандев со 3-2. Силекс со пресврт славеше во Битола против Пелистер со 1-2, а Ренова убедливо го совлада Скопје со 5-1. Шкупи оствари минимален триумф над Победа, 1-0.

IMG_4143Работнички поведе на дербито во 17.минута. Рашо центрираше од десната страна, а Серџо јуниор со волеј удар ја смести топката во мрежата на Гачевски. По примениот погодок, Вардар се обиде да возврати, но евидентен беше заморот кај фудбалерите на шампионот.

rab-vardar 25.10 (10)Чедомир Јаневски на полувремето ги уфрли во игра и Итало и Блажевски, но тие само се вклопија во сивилото на комплетниот тим.Демири заработи пенал за Вардар во 70.минута, а Дејан Блажевски го претвори во израмнување. Но, само три минути подоцна, пенал и за Работнички откако стрелецот Блажевски играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

rab-vardar 25.10 (8)Остоја Стјепановиќ беше сигурен реализатор на пеналот, за ново водство за „романтичарите“. Во завршницата, Серџо јуниор на фантастичен начин го мина Демири и му подготви гол-ситуација на Миле Тодоров, а младиот играч на Работнички ја реализираше рутински со удар со глава.

rab-vardar 25.10 (5)Академија Пандев го совлада лидерот Шкендија во Струмица со 3-2. Домашните поведоа со 2-0, тимот на Ќатип Османи израмни на 2-2, но Константин Чешмеџиев во 90.минута донесе триумф за „академците“.

Baldovaliev radostЗоран Балдовалиев во 24.минута го отвори резултатот, а Ѓорѓи Марков во 52.минута постигна и втор погодок за Академија Пандев. Но, Марјан Радески намали веќе во следниот напад, а Бесарт Ибраими во 71.минута донесе израмнување. Сепак, во 90.минута, Константин Чешмеџиев, со шут од 14 метри по корнерот од десната страна, донесе голем триумф за Академија Пандев.

Akademija Pandev - Skendija 12Силекс со пресврт во второто полувреме освои три бода под „Тумбе кафе“, совладувајќи го Пелистер со 1-2. Лукас Кардосо во петтата минута донесе предност за битолскиот прволигаш, но Силекс возврати силно во вториот дел. Бобан Георгиев израмни во 67.минута, а Филип Тимов девет минути подоцна направи целосен пресврт.

Ренова го декласира Скопје со 5-1, иако се мачеше едно полувреме. Гостите од 33.минута играа со играч помалку поради исклучувањето на Ѓоко Алексовски, а „гипсарите“ тоа го искористија во вториот дел. Незири го постигна првиот гол за Ренова во 60.минута, потоа стрелаше Костов, а третиот гол беше дело на Лукас Маркос. До крајот, Љавдрим Скендери постигна два гола за Ренова, а Дарко Ѓурчиновски почесен погодок за Скопје.

На Чаир, Шкупи триумфираше против Победа со 1-0, со голот на Ален Јашаровски во 85.минута од средбата.

ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 3-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 3-2

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 1-2

РЕНОВА – СКОПЈЕ 5-1

ШКУПИ – ПОБЕДА 1-0

Табела: Шкендија 28, Академија Пандев 21 (-1), Вардар 19 (-2), Силекс 18, Шкупи 15, Ренова 14, Работнички 13, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 6.

Се вчитува...