Вардар обезбеди 500 блок билети за Ф4 турнирот во Келн: Во продажба од утре!

Вардар обезбеди 500 блок билети за своите навивачи кои на 3. и 4. јуни во Келн планираат да дадат поддршка за македонскиот шампион на Фајнлфор завршницата од ракометната Лига на шампиони.

Билетите за Ф4 турнирот, според информациите од РК Вардар, ќе бидат пуштени во продажба утре (сабота, 29.04.2017) од 10 часот. Продажбата на блок билетите ќе се врши исклучиво преку онлајн продажната мрежа на тикетплус (www.ticketplus.mk)

По купувањето на блок билетите сите купувачи се должни да испратат е-меил на info@ticketplus.mk со своите податоци и контакт информации. Дополнително купувачите ќе бидат информирани кога и како билетите ќе им бидат дистрибуирани.

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во 1А зоната во салата резервирана за фановите. Цената на блок билетите чинат 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билет за натпреварите.

Не постои ограничување на бројот на купени блок билети, но за секој од нив ќе биде потребно да се достават податоци најдоцна до 22.05.2017. Во спротивно нема да им биде валидно купувањето и истите ќе се понудат повторно во продажба. Ова е со цел да се спречи препродавање на билети.

Се вчитува...