Вардар од денеска ги почнува подготовките во Италија (ФОТО)

Aктуелниот македонски шампион Вардар од синоќа е во Норчиа, Италија, каде ќе бидат реализирани централните подготовки на тимот за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето.

Под водство на новиот тренер, Аргентинецот Кристијан Фабијани тимот на почетокот од подготовките нема да биде комплетен поради подолгата пауза за репрезентативците кои претходно имаа обврски со националниот тим.

Според најавите вардаровите репрезентативци од 14 јуни ќе се приклучат на тренинзите на тимот.

За време на подготовките во Италија планирани се и пет пријателски натпревари за „црвено-црните“,

Ждрепката за квалификациите за ЛШ, е закажана за 16 јуни.

Се вчитува...