На стартот од вториот дел на дербито во Тетово, поточно во 48. минута беше досуден пенал за Вардар. По изведен корнер од десната страна, Алхасан играше со рака, а судијата Трпчевски веднаш покажа на белата точка.
ВАР го потврди пеналот, по што Вардар доби голема шанса да дојде до водство, и ја искористи.
Бабунски шутираше по средината на голот, и го совлада Гаје за предност на скопскиот тим во Тетово и молк на трибините на стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

