Вардар одржа тренинг во Прилеп – лесен триумф на „црвено-црните“

Вардар стигна до 16. победа во Суперлигата откако во 19. коло славеше над Прилеп со 20-34. „Црвено-црните“ на Дејвис ја имаа фаворитската улога во пресрет на натпреварот, а истата ја потврдија уште во првото полувреме за до крајот да одиграат рутински за нов триумф на домашно тло.

Текот на мечот беше назначен уште од самиот почеток во кој Вардар благодарение на мини-серии постојано ја зголемуваше предноста за истата по 30. минути игра да изнесува 10-22. Скопскиот состав во второто полувреме го намали ритамот, но ниеднаш не ја испушти двоцифрената предност, а во финишот на натпреварот со серијата од 4-1 стигна до највисоката предност од +14.

Христи Бикоски и Давор Шокоски беа лидери на прилепскиот тим со по шест гола, додека два помалку постигна Гавашелишвил. Јан Чувара беше лидер на Вардар со пет гола, додека со по четири гола мечот го завршија Карапалевски, Џукиќ, Атанасовски и Ќосевски.

Се вчитува...