Вардар останува без уште еден фудбалер: Којашевиќ се сели во полска Јагелонија

Македонскиот шампион Вардар пред продолжението од новиот шампионат останува без уште еден стандарден првотимец. По преселбата на Стефан Спировски во унгарскиот Ференцварош, и црногорскиот репрезентативец Дамир Којашевиќ ги напушта вардаровите редови и, според нашите информации, се сели во полскиот прволигаш Јагелонија.

Којашевиќ и Вардар со взаемен договор ја прекинуваат соработката пред крајот на преодниот рок, а Црногорецот деновиве се очекува да биде промовиран во својот нов клуб. За неговите услуги, како што е познато од претходно, заинтересиран е и босанскиот прволигаш Сараево кој се бори за негов трансфер.

30-годишниот Дамир Којашевиќ во Вардар пристигна во јануари 2016 година, играјќи за „црвено-црните“ 40 официјални натпревари, притоа постигнувајќи и 13 погодоци.

Се вчитува...