Вардар – Пелистер, само сеќавање на епитетот дерби… Да се биде или не за Победа и Скопје!

Вардар и Пелистер се среќаваат во 34. коло од Првата македонска фудбалска лига, сега само како сеќавање за дерби пресметката која обично си сакаме да ја опишуваме како најголемиот македонски фудбалски дуел. Но, денеска ништо од сето тоа.

Вардар со од поодамна завршена сезона за себе, во која се знае дека обезбедил Европа, а Пелистер со гола битка за опстанок во која се чини, на крајот, и нема сили да се бори со Победа и со Скопје.

А, Победа денеска го има можеби еден од клучните натпревари, пред последните две кола, во обидот да го избегне испаѓањето од прволигашката конкуренција. На прилепчани им е неопходен триумф против Силекс за потоа нешто помирно во следното коло (во среда, 16. мај) да го очекува директниот мегдан против Скопје.

За Скопје, пак, повеќе од тешко гостување против Шкендија во Тетово. Факт е дека на Шкендија бодовите не и се неопходни, но останува и фактот дека новите македонски шампиони не се баш расположени за расфрлање со бодови. Затоа, тимот на Љупчо Марковски ќе треба добро да се намачи за да избегне пораз и барем со бод да продолжи да верува во останувањето меѓу елитата.

ДВОЈКИ – 34. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Турново: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Струмица: ПОБЕДА – СИЛЕКС

Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...