Вардар по први пролетни бодови, „лавовите“ подготвуваат изненадување…

Во желбата за освојување конечно први пролетни бодови Вардар денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во рамките на 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, ја пречекува Македонија ЃП.

За „црвено-црните“ натпревар од кој неизбежно мора да се извлече победата, но дефинитивно така не мислат и „лавовите“.

„Знаеме дека Вардар е фаворит, но и ние веруваме во нашите квалитети. Македонија ЃП игра отворен фудбал и така ќе биде и денеска против Вардар. Сакаме да ги искористиме сите наши потенцијали и низ максимално отворена игра да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Зошто да не го изненадиме противникот?“ – вели шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски.

Правдата во Маџари ќе ја дели Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески.

ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА

Кичево: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

Се вчитува...