Вардар победи на првата контрола во Норчија

Вардар ја одигра првата контрола на подготовките во Норчија, Италија каде противник им беше аматерската селекција на Умбрија. Со измешан состав и главно со млади играчи, Вардарци на крајот славеа триумф од 2-1. Натпреварот се одигра во Фолињо.

Огнен Јаков уште во 4. минута донесе преднсот за „црвено-црните“. Во 15. минута веќе беше 2-0, откако противничките играчи си постигнаа автогол. Умбрија намали во 65. минута, што беше конечен резултат.

Вардар настапи во состав: Диковски, Мишковски, Најдовски, Куестас, Јевтовски, Дурански, Д.Тодоровски, Ф.Цветковски, Марковски, Јаков, Данев. Резерви: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М.Николов, Митановски.

Се вчитува...