Вардар почна да создава тимот за ЛШ: Веќе замина еден фудбалер, договорени две засилувања

Со цел да се направи тим кој ќе има успешни настапи во Европа, најпрво во Лигата на шампионите, Вардар веќе го презеде првиот конкретен чекор околу играчкиот кадар. Веќе е познато еден играч кој ќе замине од клубот.

Станува збор за Фаустин Сенгор, кому му истече договорот и тој веќе е на пат кон Сенегал. Сенгор дојде во Вардар во јануари 2025 година, откако претходно беше дел и од Шкупи. Сезонава одигра само 11 натпревари, имаше една асистенција.

Од Вардар најавуваат дека се работи на нови имиња. Извршниот директор Миленко Неделковски на социјалните мрежи вечерва најави дека се договорени две големи засилувања.

Како што е познато, Вардар ќе добие и нов тренер. Гоце Седлоски заминува од клупата да ја предводи репрезентацијата, а „црвено-црните“ ќе ги води Кристијан Фабијани од Аргентина.

Се вчитува...