Вардар подобар од Работнички на тестот во Хиподром

Вардар го совлада Работнички со 2-1 на пријателскиот натпревар што се одигра во базата на „црвено-црните“ во Хиподром. Силниот дожд спречи да има поквалитетен натпревар, но и двата тима покажаа дека подготвителниот процес се одвива на најдобар начин.

Првиот дел заврши без голови. Вардарци победија со головите на Аврамовски од пенал и Ибиши, а погодокот за Работнички беше дело на новото засилување, Марко Клисура.

Се вчитува...