Вардар подобар од Татран Прешов

Вардар славеше победа против Татран Прешов со 23-21  во последниот натпревар во 2018 година на домашен терен. За „црвено-црните“ ова е 10.победа со која се зацврстуваат на лидерската позција на табелата во регионалната СЕХА лига. Ова е втора победа на вардарци против словачкиот првак во оваа сезона. На првиот меч во Прешов, Вардар победи со 26-17, а својата супериорност во регионалното натпреварување ја потврди и во денешниот меч.

По првото полувреме Вардар имаше минимална предност (10-9), а потоа успеа да дојде до очекуван триумф на домашен терен.

Најефикасни во составот на Вардар беа Игор Карачиќ со шест гола, Стоилов, Чупиќ и Дисингер додадоа по три.

Пред зимската пауза резервирана за репрезентативните активности, на Вардар му преостанува  уште гостувањето во Букурешт против Стеауа на 17 декември.

Се вчитува...