Вардар покажа како се „гине“ за Прва лига и ги расплака „пиратите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар со радост се враќа од Кавадарци. Ако ракометниот клуб вчера „киксираше“ и ја загуби титулата, денеска фудбалскиот колектив имаше многу причини за радост во овој град. Тимот во баражот за Прва лига го совлада Скопје и се врати во прволигашката конкуренција.

Иако Скопје влезе во мечот како поискусна екипа кога се баражите во прашање, сепак, Вардар влезе жестоко во натпреварот и покажа како се игра кога станува збор за прволигашка промоција.

Ги доби многуте дуели со играчите на Скопје, ги „разби“ во секој сегмент, рано го отвори резултатот, потоа и црвен картон, па во вториот дел уште два гола на „вардарци“ и на крајот неизбежно славје со навивачите.

Размоски постигна два гола, еден Глишиќ. Во продолжение погледнете низ ФОТОГАЛЕРИЈА како се одвиваше натпреварот во Кавадарци.

Се вчитува...