Вардар поради корона-криза нема да настапи на Ф4 во СЕХА!

Македонскиот ракометен шампион Вардар поради корона-криза нема да учествува на Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига кој викендов ќе се игра во хрватски Задар. Како што пренесува специјализираниот сајт за ракомет г-спорт, Вардар има проблеми со Ковид и поради тоа нема да патува за Задар иако во двомечот со ППД Загреб обезбеди пласман на завршниот турнир.

Вардар имал доволен број на вакцинирани и здрави ракометари, но поради позитивен случај не им било дозволено да патуваат за Задар.

Се вчитува...