Вардар загуби и на вториот свој пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.
„Црвено-црните“ денеска загубија со 0-1 од шампионот на Туркменистан, Аркадаг.
Како што е познато, на првиот тест дуел во Анталија „вардарци“ убедливо со 0-4 загубија од полската екипа на Заглебје Лубин.
Следниот пријателски натпревар на Вардар е на 3. февруари против узбекистанскиот прволигаш Металург Бекабад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА