Вардар поразен на првиот меч со Калцит Камник

Одбојкарите на Вардар не успеаја да приредат изненадување на првиот натпревар од двомечот со Калцит Камник во првото коло од Челинџ-купот на ЦЕВ, губејќи од словенечкиот претставник со максимални 3-0 во сетови.

Словенците уште од самиот почеток наметнаа силно темпо, добивајќи го првиот сет со убедливи 25-12. „Црвено-црните“ во вториот сет стигнаа до 15 поени, во третиот загубија со 25-17, немајќи шанса за посериозна борба за земање на барем еден сет.

Калцит и Вардар утре ќе ја одиграат втората средба од овој двомеч, исто така со почеток во 20 часот.

Се вчитува...