Вардар потврди: Калараш пак е дел од „црвено-црното“ семејство

Глеб Калараш и дефинитивно повторно ќе го облече дресот на Вардар, откако се договорил за враќање во Скопје по прекинот на соработката со Мотор. Информацијата што вчера беше најавена, по заминувањето на рускиот репрезентативец од Украина, денеска ја потврди и спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров.

„Пивотот на Русија, Глеб Калараш, потпиша доогвор со Вардар. Согласноста за соработка е за следните две години. Веднаш штом дојде во Скопје тој ќе се приклучи на тренинзите на тимот“ – истакна Кокшаров.

Рускиот пивот ќе му биде од огромна помош на новиот тренер Писонеро во поставувањето на играта во одбрана, а сигурно ќе добие минутажа и во нападот.

Се вчитува...