Вардар потврди: Со Јотиќ и Јагуриновски е комплетиран тимот за 2020/21

Вардар денеска официјализираше уште два трансфери што претседателот Михајло Михајловски ги договори уште пред извесно време, оние на Томи Јагуриновски и на Ловро Јотиќ. „Црвено-црните“ воедно информираат дека со овие два ракометари се заокружува ростерот за наредната сезона, во која од тренерот Алушовски се очекува пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите и добри игри и резултати во СЕХА-лигата и на домашната сцена.

Јагуриновски важи за „дете на Вардар“, од каде пред неколку години замина за Металург. Тој летово реши да го напушти тимот од Автокоманда, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа за враќање меѓу „црвено-црните“, потпишувајќи двогодишен договор со актуелниот европски првак.

За Јотиќ овој трансфер претставува враќање во мак-ракометот, бидејќи до лани го носеше дресот на Работник. Тој летово си замина од битолскиот клуб бидејќи имаше договорен трансфер во Бенфика, но поради финансиските проблеми на португалскиот клуб по корона-кризата хрватскиот бек воопшто не го облече дресот на оваа екипа, прифаќајќи ја понудата за преселба во Вардар.

Се вчитува...