Вардар повторно против Елверум – Овој пат мора да се победи

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат и вториот натпревар против норвешкиот Елверум во Лигата на шампионите. По ремито (34-34) на мечот кој се играше во неделата, „црвено-црните“ вечерва единствено мора да победат доколку сакаат да го одбегнат последното место во групата.

Тренерот на „вардарци“ Стевчо Алушовски по првиот натпревар изјави дека повторно грешките што ги прават се главен фактор тимот што не победи и дека се надева дека на следниот натпревар ќе стигнат до победата.

„По секој натпревар доаѓаме на истото дека промашуваме клучни шутеви. Знаеме дека Елверум игра одлично во транзиција. Во првото полувреме тоа го спречивме тоа најдобро и мислам да примиш 21 гол во едно полувреме во Лига на шампиони е недозволиво. Во вториот дел благодарение на Кизиќ дојдовме и до позитива од четири гола, но повторно нашите грешки не чинеа многу. Престатични беа нашите бекови на нивната игра во одбрана 5-1. Се надевам дека во среда ќе дојдеме до победа“, изјави Алушовски. 

Алушовски и на вториот меч нема да може да смета на услугите на Борко Ристовски и Ловро Јотиќ. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...