По деби настапот во Лигата на Европа, македонскиот шампион Вардар максимално концентриран на денешниот дуел од првенството на Македонија против Скопје на Автокоманда преку кој „црвено-црните“ посакуваат приклучок на врвот од табелата.
Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и пред дуелот со Зенит нагласи дека за Вардар приоритет е домашниот шампионат, па во желбата воопшто да не се заостанe зад најголемиот конкурент во трката за титулата, екипата на Шкендија, неизбежни се три бода од пресметката со Скопје.
Но, и за Скопје постои огромен мотив за надигрување со шампионот. По убедливата победа во Купот над Еуромилк ГЛ, која донесе дополнителен мотив во тимот од Автокоманда, како и ремито против Пелистер во Битола, цврста е определбата за квалитетно издание и денеска против „вардарци“.
По триумфот во Купот против Академија Пандев, и Силекс сака продолжување на победите во серија. Кратовци денеска се соочуваат со Шкупи кој е сосема јасно повеќе од сериозен противник на патот кон посакуваните три бода.
ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАР
Прилеп: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ВЧЕРА
Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 1-0 (0-0)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА